Повеќе од 60 милиони луѓе се на патот на бурата, која се очекува да ја покрие источната половина на САД со арктички воздух до утре и да предизвика големи нарушувања на патувањата.
Националната метеоролошка служба предупреди на опасност од мраз, снег и силен ветер од западен Канзас до крајбрежните држави Мериленд, Делавер и Вирџинија.
Од службата предупредија дека во областите од североисточен Канзас до северно-централен Мисури ќе има „најобилни снежни врнежи во последната деценија“.
Научниците веруваат дека екстремните временски услови стануваат се почести и потешки поради климатските промени предизвикани од човекот./МИА