Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Саудиските лидери му честитаа на Пезешкијан за победата на изборите во Иран

6 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Саудиска Арабија и нејзиниот регионален ривал Иран, кои ги поддржуваа спротивставените страни во конфликтите во Јемен и Сирија, минатата година постигнаа договор со посредство на Кина да ги обноват врските по прекин од седум години.

Саудиската државна новинска агенција SPA денеска јави дека кралот Салман во телеграмата со честитки до Пезешкијан рекол дека со нетрпение очекува „континуиран развој на односите“ меѓу двете земји и координација за „зајакнување на регионалната и меѓународната безбедност и мир“.

Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, де-факто владетел на монархијата богата со нафта, испрати слични честитки, пренесе ДПА повикувајќи се на СПА.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ