Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Саливен: САД бараат од Хамас да ги ослободи жените, постарите и ранетите заложници

13 март 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, изјави дека шестнеделниот прекин на огнот прифатен од Израел може да се претвори во потраен прекин на непријателствата доколку Хамас ослободи жени, постари и ранети заложници, пренесоа британските медиуми.

Саливан истакна дека Израел ги прифатил условите од шестнеделниот прекин на огнот во замена за ослободување на некои од заложниците кои ги држи Хамас.

Хамас, пак, наведува дека ќе прифати само траен договор за прекин на огнот што вклучува повлекување на израелските трупи од Појасот Газа, а не уште едно привремено примирје.

Според последниот предлог, Израел треба да ги ослободи палестинските затвореници во однос 10 спрема еден на бројот на ослободените заложници.

На 7 октомври Хамас зеде најмалку 200 заложници и уби околу 1.200 лица во нападот врз јужен Израел.

За време на еднонеделното примирје кон крајот на ноември, Хамас ослободи повеќе од 100 израелски и странски заложници во замена за ослободување на околу 240 палестински затвореници од затворите во Израел. /МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ