Ова го соопшти прес-центарот на бугарското Министерството за одбрана.
Руте во рамки на посетата ќе оствари средба со вршителот на должноста министер за одбрана, Атанас Запријанов и началникот на одбраната адмирал Емил Ефтимов. Ќе се разговара за прашања од актуелната агенда на Алијансата. На средбата ќе учествува и министерот за надворешни работи, Иван Кондов.
Марк Руте ја презеде функцијата генерален секретар на НАТО на 1 октомври оваа година. Руте (57) беше премиер на Холандија 14 години (помеѓу 2010 и 2024 година).
На 17 октомври 2022 година на официјална церемонија, Италија ја прифати улогата на рамковна држава на борбената група, додека Бугарија продолжува да служи како земја домаќин, информира Министерството за одбрана на својата веб-страница. Создавањето на борбено способна група на бугарска територија е израз на решеноста на државата и сојузниците да ја споделат одговорноста за обезбедување на безбедноста на земјите-членки, преку придонес во зајакнувањето на одбранбениот потенцијал на источното крило на НАТО, додаде Министерството за одбрана.