Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Родилка починала во куќа на секта во Чешка, не повикале помош со часови, вршеле пренос во живо

24 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Пораѓањето се случило минатата недела во темната соба на седиштето на сектата „Живот во срцето“ во Пласиј кај Прага.

Групата живее заедно во куќа и ги објавува своите теории на заговор на YouTube. Сектата го пренесувала и раѓањето во живо на својот канал, кога се случила драмата.

На видеото се гледа како жената Линда раѓа девојче во кревет. Припадниците на култот се собрале околу неа додека бебето лежи на нејзините гради.

„Ме боли стомак, немам сила“, рекла жената.

Според медиумите, мајката и детето биле поврзани со папочната врвца дури 12 часа. За тоа време состојбата на жената брзо се влошила.

Во подоцнежното видео на YouTube, загрижен член на култот го прашува водачот на култот „да не правиме ништо?“.

Во меѓувреме, Лукаш С. (46), кој себеси се нарекува „Бог на будалите“, продолжува со снимањето. Дури кога Маријан, таткото на детето, му вика дека ситуацијата е опасна, тој го прекинува преносот.

„Трчав до тоалетот. Линда беше гола, целата зелена, а седеше на тоалетот. Беше во несвест“, изјави член на сектата за чешкиот портал Блеск.

Дури тогаш таткото на детето повикал брза помош, а тие ги следеле упатствата и почнале да ѝ го масираат срцето.

Кога пристигнале болничарите, прво ја пресекле папочната врвца, но помошта дошла предоцна за Линда.

Ѝ била прогласена мозочна смрт во болница, а во петокот била исклучена од апаратите. Девојчето е добро, пренесуваат медиумите.

Според адвокатот Лукаш С., сите инволвирани сега се соочуваат со обвиненија за убиство од небрежност.

Водачот на сектата дури тврдел дека виновни се демоните. Тој и неговите следбеници сега се соочуваат со затворски казни.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ