Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Протести во Норвешка против ВАР технологијата

28 јуни 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Навивачите го изразија своето незадоволство фрлајќи стотици тениски топчиња на теренот за време на вчерашниот домашен натпревар против Осло.

Натпреварот беше прекинат додека теренот не беше расчистен од фрлените тениски топчиња.

На трибините можеше да се забележат и пароли со кои се бара забрана на ВАР технологијата.

Воведувањето на системот создаде многу контроверзии во скандинавската земја, при што голем број клубови изразија несогласување со одлуката на федерацијата да го користи.

„Сите во Норвешка се против ВАР. Ние само го изразивме нашето несогласување затоа што воведувањето на ВАР технологијата ја расипува играта. Им беа потребни три минути за да го исчистат теренот од нашиот протест, толку брзо и ВАР ги носи одлуките“, изјави Јоаким Молер, кој е еден од организаторите на акцијата./МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ