Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

„Берил“ им се заканува на четири големи острови на Карибите, жителите во паника (ВИДЕО)

1 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Метеоролозите предупредуваат дека Берил е „исклучително опасен“ и дека може да прерасне во ураган од четврта категорија со брзина на ветер од 250 километри на час и да предизвика бранови високи до три метри.

Како што објави Би-Би-Си, се очекува Берил да продолжи да зајакнува додека се приближува до Барбадос, Доминиканската Република, Гренада и Мартиник, меѓу другите места.

„Многу е ретко да се види како бура толку брзо се развива во ураган толку рано во сезоната во овој дел од Атлантскиот Океан. Неколку острови во Долните Антили се соочуваат со ризик од загуба на животи, како и имот“, рече Алекс Силва, водечки метеоролог за урагани на „AccuWeather“.

Жителите на земјите од регионот се подготвуваат за пристигнувањето на бури, го заковуваат прозорците, купуваат канистри со гориво и намирници, пред сѐ храна и вода.

Премиерот на Барбадос апелираше до жителите да внимаваат на своите пријатели, семејството и соседите кога ќе погоди ураганот. Метеоролозите наведуваат дека ураганот потекнува од тропската бура Берил, која се формирала во петокот вечерта и дека веќе е придружен со ветрови со брзина од 210 километри на час.

Тропската бура Алберто, која го погоди североисточниот дел на Мексико на 20 јуни, уби четири лица. Сезоната на урагани трае од 1 јуни до 30 ноември. Се предвидува дека ова ќе биде една од најлошите и се очекуваат до 25 тропски бури, од кои повеќе од седум би можеле да прераснат во урагани над трета категорија.

„Само пет урагани над категоријата 3 се регистрирани во Атлантскиот Океан пред првата недела од јули. Берил е шестиот и најраниот досега“, изјави Мајкл Лоури, експерт за урагани.

Во текот на минатата година на Атлантикот се забележани 19 тропски бури.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ