Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Потврден е петти смртен случај во Јапонија по употреба на суплемент за намалување на холестерол

29 март 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Јапонската фармацевтска компанија Кобајаши денеска соопшти дека е потврдена петтата смрт, веројатно поврзана со конзумирањето на додатокот за храна со црвен квасец што го произведува, и дека допрва треба да ја идентификува супстанцијата што може да биде одговорна за предизвикување здравствени проблеми пријавени од стотици луѓе.

Според компанијата, петте лица кои загинале биле на возраст од 70 до 90 години.

Компанијата ги повлече своите додатоци за намалување на холестеролот „beni-koji choleste help“.

„Се извинуваме за проблемите што ги предизвикавме“, рече претседателот на компанијата Акихиро Кобајаши на прес-конференција во Осака, пренесува Kyodo.

Кобајаши рече дека предметната супстанца „може да потекнува од мувла, но допрва треба да се утврди каква (хемиска) структура има.

Висок функционер на компанијата изјави дека околу 680 лица веќе биле или бараат амбулантски третман поради симптоми за кои постои сомневање дека се поврзани со употребата на додатокот, а компанијата ќе им плати отштета, како и на 114-те лица кои се хоспитализирани.

Компанијата објави на 22 март дека луѓето кои земале суплементи дизајнирани да го намалат нивото на ЛДЛ холестеролот, познат како „лош“ холестерол, искусиле симптоми како што е заболување на бубрезите.

Други забележителни пријавени симптоми вклучуваат оток и замор.

Компанијата првично се сомневала во вмешаност на цитринин, токсичен метаболит произведен од црвениот квасец ориз, но претходно соопштија дека не бил откриен во нејзините производи.

Јапонското Министерство за здравство вчера објави дека смртта на четири лица и повеќе од 100 хоспитализации во Јапонија се поврзани со конзумирање на додатоци во исхраната од црвен квасец ориз од фармацевтската компанија Кобајаши.

Компанијата Кобајаши минатиот петок соопшти дека примила извештаи за болести поврзани со нејзините производи и дека повлекува пет од нив, вклучително и околу 300.000 пакувања од нејзините додатоци за помош бени-коџи холест.

Компанијата ги повика клиентите да престанат да користат апчиња „бени коиџи“ кои се рекламираат како додаток за намалување на холестеролот и крвниот притисок.

Таа пилула е всушност ориз ферментиран со еден вид црвено-виолетова мувла (monascus purpureus) кој се користи и како боја за разни прехранбени производи.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ