Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Поранешниот шеф на НАТО откри детали од соработката со Путин

14 март 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

- Путин со кој се среќавав, со кого добро работев, со кого го основав Советот НАТО-Русија, е многу, многу поинаков од овој сегашен мегаломан, изјави Лорд Робертсон за Би-Би-Си.

- Човекот стоеше покрај мене во мај 2002 година рече дека Украина е суверена и независна национална држава која ќе носи свои безбедносни одлуки, а сега тоа е човек кој вели дека Украина не е држава, додаде тој.

Лорд Робертсон потсети како рускиот лидер размислувал за НАТО.

- На вториот состанок отворено ме праша: „Кога ќе ја поканите Русија да влезе во НАТО? Му реков дека не покануваме земји, тие самите се пријавуваат, а тој ми одговори: „Па, нема да застанеме во ред покрај еден куп земји кои не се важни“.

Сепак, поранешниот шеф на НАТО не верува дека Путин навистина сакал да поднесе барање за членство.

- Тој сакаше тоа да му се претстави. Мислам дека тој секогаш мислеше, а сега уште повеќе мисли дека Русија е голема нација на светската сцена и има потреба од почитта што ја имаше Советскиот Сојуз, додаде Робертсон. 

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ