Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Поранешниот британски министер за здравство Хант: Жал ми е, погрешивме за короната

21 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Во извештајот објавен во четвртокот, истрагата откри дека поранешната влада „ја изневерила јавноста правејќи значителни грешки“ при подготовката за пандемијата.

Хант денеска призна дека како министер за здравство во периодот од 2012 до 2018 година, тој бил „дел од групата која смета дека се премногу добро подготвени за пандемија на грип, но не размислуваат за други видови пандемии“.

-Безрезервно им се извинувам на сите семејства. Она што се случи со оваа земја за време на Ковид беше најстрашната трагедија, рече тој за Би-Би-Си.

Тој, исто така, ја повика новата влада да ги разгледа препораките од извештајот на 217 страници на членот на Домот на лордовите, Хедер Халет.

Во извештајот се наведува дека истрагата „безрезервно“ заклучила дека „процедурите, планирањето и политиката на цивилните структури за вонредни ситуации во рамките на владата на ОК, државните служби и јавните служби ги изневериле граѓаните“. /МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ