Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Шведската влада го укинува контроверзниот данок на авио билети

6 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Одлуката на Владата претставува голем пресврт во однос на претходната политика, која не беше поволна за локалниот авијациски сектор.

Шведската влада одлучи да ја укине оваа такса од 1 јули следната година. Регулативата, која е во сила од 2018 година, предвидува давачка од 76 до 504 шведски круни (6,66 - 44,22 евра), во зависност од дестинацијата, на секој авионски билет, пишува Аеро Тајм. Измената на законот допрва треба да ја одобри самиот парламент, но се очекува новиот закон да биде одобрен.

Партиите на власт денес и авиокомпаниите претходно тврдеа дека овој данок негативно влијае на конкурентноста на Шведска.

Владата смета дека укинувањето на данокот ќе придонесе за зголемување на конкурентноста на шведскиот авијациски сектор и ќе има позитивно влијание врз економијата на земјата.

Иако владејачката група тврди дека е посветена на декарбонизација на индустријата и заштита на животната средина, некои ја критикуваа оваа одлука. Министерката за клима и животна средина Ромина Пурмохтари од Либералната партија претходно се спротивстави на укинувањето на данокот, заговарајќи усогласување со климатските политики на ЕУ, објави Авијација24.

Swedavia, државната компанија која управува со аеродромите во Шведска, ги поздрави новите мерки на владата.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ