Пистите на најголемиот германски аеродром треба да се исчистат, а видливоста е намалена, со што се ограничува капацитетот на аеродромот, изјави портпаролот на аеродромската управа.
Одмрзнувањето на крилата на авионите исто така трае подолго поради зимски услови.
Доцнења се пријавени и на аеродромот во Штутгарт во јужна Германија, каде крилата на авионите исто така морале да се одмрзнат пред полетувањето.
Досега се одложени седум летови. Пистата сега е исчистена и подготвена за употреба, според портпаролката на аеродромот.
Упатен е повик до патниците да го проверат распоредот на нивниот лет и доколку е потребно да остават повеќе време за превоз до аеродромите./МИА