Ле Пен го потресе францускиот политички естаблишмент кога неочекувано стигна до вториот круг од претседателските избори против Жак Ширак во 2002 година, со неговата воинствена мешавина на популизам и харизма.
Подоцна се повлече, а неговата ќерка Марин Ле Пен го наследи на чело на партијата во 2011 година. Оттогаш, таа трипати се кандидираше за претседател и ја претвори партијата, сега наречена Национален собир, во една од главните политички сили во земјата./МИА