Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Петчлено семејство од САД загина во пад на мал авион- со леталото управувал 74- годишниот дедо

2 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Дедото управувал со едномоторниот авион „Пајпер ПА-46“, а во него биле неговата ќерка Лаура (43), сопругот Рајан (42) и нивните две деца Џејмс (12) и Харисон (10). За жал, сите загинале во несреќата, објави Си-Ен-Ен.

Авионот полетал од регионалниот аеродром Алфред С. Надер во Онеонта, а остатоците биле пронајдени во неделата доцна навечер во Мејсонвил.

Петчленото семејство се упатило на регионален бејзбол турнир на кој требало да учествува постарото момче Џејмс.

„Додека се справуваме со оваа незамислива загуба, ајде да се собереме да се потсетиме и да ги прославиме убавите животи кои се живееле“, напиша семејството на Рајан во соопштението објавено на Фејсбук.

„Нивната добрина, смеа и љубов засекогаш ќе бидат во нашите срца“, додаваат тие.

Таткото на Лора Ван Епс, Роџер Бегс, доброволно се пријавил да управува со авионот и да го гледа својот внук на регионалниот турнир. Несреќата се случила додека се враќале од бејзбол турнир, а авионот требало да застане и да наполни гориво во Западна Вирџинија кога се урнал.

Во потрагата по авионот биле вклучи дронови, хеликоптери и теренски возила, соопшти полицијата.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ