Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Папата одобри изградба на соларен парк за потребите на Ватикан

26 јуни 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Ватикан е најмалата земја во светот со површина од само 0,44 квадратни километри.

Понтифот (78) преку личен папски декрет наредил седиштето да биде изградено надвор од ѕидините на Ватикан, на северозападната периферија на Рим.

Областа му припаѓа на Ватикан и веќе има радиопредавателен центар за Радио Ватикан, што,  исто така, ќе се напојува од новиот соларен парк. Во папскиот декрет не е прецизирано колкав ќе биде овој парк и кога ќе биде готов.

„Мораме да преминеме кон модел на одржлив развој што ги намалува емисиите на штетни гасови во атмосферата, стремејќи се кон климатска неутралност, наведува папата Франциск во декретот.

Тој во 2015 година во својата енциклика „Лаудато Си“ предупреди на опасностите и предизвиците од климатските промени и потребата да се намали употребата на фосилни горива, додавајќи дека планетата „почнува да наликува на огромен куп ѓубре". /МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ