Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Околу 270 илјади Германци ја поддржуваат петицијата за забрана на употреба на огномет

3 јануари 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

До денес на пладне, околу 270.000 луѓе ја потпишаа петицијата, која беше покрената од берлинскиот огранок на полицискиот синдикат пред две години.

Најмалку пет лица загинаа, а десетици се повредени за време на новогодишните прослави во Германија, каде што, за разлика од многу други земји, може да се купат огномети за лична употреба во деновите пред новогодишната ноќ.

Во петицијата, исто така, се бара да се прекинат инцидентите на насилство врз полицајците и службениците на итната помош.

-Повикуваме на целосна забрана на огнометот за приватна употреба, како што е случај во многу земји. Ова вклучува и соодветна забрана за продажба на секој кој не се занимава професионално со тоа, се наведува во петицијата. 

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ