Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Новата Влада на Холандија положи заклетва

2 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Тоа е најдесничарската Влада во историјата на Холандија, составена од четири партии. Со коалицијата управува лидерот на ПВВ, Герт Вилдерс, кој не е член на Владата. Партиите за влез во коалициската Влада поставија услов Вилдерс да се откаже од каква било функција во извршната власт.

Нов премиер ќе биде поранешниот директор на тајната служба и антитерористичка агенција Дич Шуф, кој не припаѓа на ниту една партија. Неговиот претходник Марк Руте ќе ја преземе функцијата генерален секретар на НАТО во октомври.

Шуф (67), како повеќето членови на Владата немаат големо искуство, поради што коалициската Влада се смета за потенцијално нестабилна. Само десно-либералната Народна партија за слобода и демократија (ВВД) на Руте може да понуди практично искуство по долгогодишно учество во Владата како дел од различни коалиции.

Десничарската партија Нов социјален договор (НСЦ) и популистичката Партија на фармерите (БББ), произлезени од масовните протести на земјоделците во изминатите години, првпат се дел од Владата. /МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ