Во текот на 2024 година, светската популација се зголеми за
повеќе од 71 милион луѓе, а на крајот на годината ќе изнесува 8,09 милијарди,
според проценката објавена денеска од Бирото за попис на САД.
Зголемувањето од 0,9 проценти во 2024 година претставува
мало намалување од стапката во 2023 година, кога светската популација порасна
за 75 милиони луѓе.
Во јануари 2025 година, во светот се очекува да се раѓаат
4,2 човечки битија, а две да умираат секоја секунда.
Бројот на жители на САД порасна за 2,6 милиони луѓе во 2024
година, а на Нова година ќе достигне 341 милион луѓе, објави Бирото за попис.
Претстојниот јануари, САД се очекува да имаат едно раѓање на
секои 9 секунди и една смрт на секои 9,4 секунди.
Миграцијата ќе додаде по едно лице на населението во САД на
секои 23,2 секунди.
Комбинацијата на раѓања, смртни случаи и нето меѓународна
миграција ќе ја зголеми популацијата на САД за едно лице на секои 21,2 секунди,
се додава во соопштението.
Во текот на првите пет години од оваа деценија, населението
на САД порасна за речиси 9,7 милиони луѓе, што е стапка на раст од 2,9
проценти.
Во текот на целата претходна деценија, населението на САД
порасна за 7,4 отсто, што е најниска стапка на раст од 1930-тите.