Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Нетанјаху побара неговото сведочење пред судот да се одложи за две недели

3 јануари 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Адвокатот на Нетанјаху, Амит Хадад, во писмо до Окружниот суд во Ерусалим рече дека премиерот бил отпуштен од болница вчера и му било наложено да одмора дома две недели.

Хадад рече дека медицинските документи се доставени до судот и дека државното обвинителство се согласило со одложувањето, јавуваат израелските медиуми.

Нетанјаху од 10 декември до сега сведочеше шест дена, но само за еден од трите случаи на корупција за кои беше обвинет.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ