Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Нетанјаху испрати преговарачи на средба со Хамас за пуштање на заложниците

4 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Во телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери, Нетанјаху го повторил својот став дека Израел ќе ја прекине својата речиси деветмесечна операција во Газа откако ќе се постигнат сите негови цели, се вели во соопштението.

Израелската телевизија Канал 12 објави дека израелската делегација ќе ја предводи шефот на разузнавачката служба Мосад.

Не е јасно каде треба да се водат разговорите. Египет и Катар досега посредуваа во нив, а состаноци беа одржувани и во двете земји.

Израел денеска го доби одговорот на Хамас на предлогот што Бајден го претстави на крајот на мај, а кој вклучува ослободување на 120 израелски заложници од Газа и прекин на огнот во палестинската енклава.

Информиран палестински извор рече дека Хамас, милитантната група која ја контролира Газа, покажала флексибилност за некои елементи кои, доколку бидат прифатени од Израел, ќе овозможат да се постигне поширок договор.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ