Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Напаѓачот на јужнокорејскиот опозициски лидер осуден на 15 години затвор

5 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Напаѓач го нападна Ли со нож во градот Бусан во јануари, по што лидерот на Демократската партија беше хоспитализиран повеќе од една недела со рана на вратот.

Инцидентот се случи три месеци пред парламентарните избори во април, а напаѓачот тврдел дека решил да го направи тоа за да го спречи Ли да стане претседател, пренесува Јонхап.

- Обвинетиот делото го сторил откако подолго време собирал омраза кон жртвата поради различни политички ставови, заклучи судот.

Судот наведе дека напаѓачот „упорно и педантно“ го планирал нападот во период од девет месеци, а претходно го следел Ли на пет јавни настани. 

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ