Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Најде ли Хезболах нов лидер во свештеникот кој го преживеа вчерашниот напад во Бејрут

28 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Насрала, кој го водеше Хезболах 32 години, беше убиен во вчерашниот напад, потврди либанската милитантна група, додека Сафиедин преживеа. Хезболах сега се соочува со предизвикот да избере нов лидер по најголемиот удар од неговото основање во 1980-тите. Сафиедин е шеф на извршниот совет на Хезболах и ги надгледува политичките работи на Хезболах. Тој е и член на Советот за џихад, кој раководи со воените операции на групата.

Според Ројтерс, Сафиедин е роднина на Насрала и, како него, свештеник кој носи црн турбан што означува потекло од исламскиот пророк Мухамед. Американскиот Стејт департмент го стави на листата на терористи во 2017 година.

Сафиедин неодамна се закани со голема ескалација против Израел по убиството на уште еден командант на Хезболах.

- Нека (непријателот) се подготви да плаче - рече на погребот.

Јавните изјави на Сафиедин често го одразуваат милитантниот став на Хезболах и неговата усогласеност со палестинската кауза.

- Нашата историја и целото наше оружје се со вас - рече Сафиедин на настан во Бејрут во знак на солидарност со палестинските борци.

Сафиедин ја критикуваше и американската политика.

– Оваа луда американска администрација на чело со Трамп нема да може да му наштети на отпорот – рече Сафиедин во 2017 година, тврдејќи дека таквите акции само ќе ја зајакнат одлучноста на Хезболах.

Филип Смит, експерт кој го проучува Иран, изјави за Ројтерс дека Насрала одамна почнал да го подготвува Сафиедин за негов наследник.

Сафиедин, кој е роден во 1964 година, има длабоки и блиски врски со Иран. Тој е познат по неговите врски со иранските владејачки свештеници додека со години студирал во градот Кум. Иранскиот портал Кајхан Лајф со седиште во Лондон во 2020 година објави дека неговиот син Рида се оженил со Зејнеб Сулејмани, ќерката на Касем Сулејмани, командантот на иранските сили Кудс, кој беше убиен во 2020 година во американски воздушен напад во Ирак.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ