Судијата Хуан Мерчан рече дека Трамп нема да биде осуден на затворска казна и дека новоизбраниот претседател може да се појави лично или виртуелно на сослушувањето.
Сослушувањето е закажано 10 дена пред инаугурацијата на Трамп во Вашингтон на 20 јануари.
Во мај, Трамп беше осуден во Њујорк за 34 точки од обвинението за фалсификување деловни досиеја во врска со поткуп од 130.000 долари на порно актерката Сторми Даниелс за да молчи за нивната наводна врска од 2006 година пред претседателските избори во 2016 година.