Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

На сметката им се појавиле 1,8 милијарди долари- никој не знае од каде дошле парите

5 април 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Поради оваа причина, е организирана истрага на највисоко ниво, при што било предложено огромната сума да се префрли на посебна, „заклучена“ сметка, каде се пресметува камата.

Сенаторот Лери Грумс, кој ја истражува мистеријата, истакнува дека моментално нема информации каде требало да завршат парите.

„Тоа е како да влезете во вашата банка, а службеникот вели дека имате многу пари на вашата сметка, но тој не знае на кого му припаѓаат“, објаснил тој.

Главниот сметководител на државата поднел оставка во 2023 година кога неговиот оддел ги „удвои средствата“ на сметките за образование, што резултирало со погрешна пресметка од 3,5 милијарди долари.

Се наведува дека „забуната“ настанала со промена на државниот компјутерски систем уште во 2010 година и дека откриените 1,8 милијарди можеби се дел од истата приказна.

Се шпекулира дека парите биле префрлени од едно на друго место, со цел да се „балансираат финансиите на државата“, пишува Дејли мејл.

На официјалните лица од Јужна Каролина не им биле доставени информации за потеклото на 1,8 милијарди долари и случајот засега останува мистерија.

„Тоа не влева доверба. Но, добрата вест е дека парите не се фрлаат залудно“, изјавил републиканскиот гувернер Хенри Мекмастер.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ