Елон Маск се наоѓа на удар на лидерите на европските земји, вклучувајќи и членки на Европската Унија, бидејќи во последно време на неговата платформа Х изнесе низа критики на политиките на Велика Британија, Германија, Франција.
Маск често ги критикува овие држави дека водат погубни политики за своите граѓани, приоритизирајќи ја политичката коректност и илегалните мигранти кои не можат да се вклопат во дадено општество.
Воглавно критиките кон Маск велат дека тој би требало да не се меша во нивните политики. Маск одговори со пост на Х истакнувајќи ја лицемерноста на европските политичари кога станува збор за мешањето на Џорџ Сорос и неговата фондација во владеењето на суверени држави.
"Сорос навистина беше генијалец во арбитражата, без разлика дали станува збор за финансии или политика.
Тој, исто така, сфатил како да земе мала количина на приватно финансирање и да го искористи тоа во масовно владино финансирање.
Брилијантно.
Посакувам само да го сакашe, а не да го мрази, човештвото."
Пред три дена, Џорџ Сорос беше меѓу оние кои го добија Медалот на Слободата од претседателот во заминување Џо Бајден. Медалот на Слободата е највисокото цивилно признание во Америка кое традиционално се доделува од претседателот, за посебни заслуги.