Метју Ливелсберг (37) ѝ испратил бројни пораки на својата поранешна девојка деновите пред да се застрела во главата во сајбертракот на Тесла, кој потоа експлодирал пред хотелот на Нова година.
Додека инспекторите ги разгледуваат можните мотиви, откриено е дека Метју раскинал со сопругата и ѝ пишал на поранешната девојка пред да се самоубие.
Неговата втора сопруга Џенифер Дејвис го оставила само шест дена пред инцидентот бидејќи се сомневала дека ја изневерува.
Сега неговата поранешна девојка Алиша Арит открила што ѝ праќала бившиот во пораки во 9 часот наутро во неделата.
Таа рече дека тој бил „како дете со нова играчка“ во низата пораки пред експлозијата.
„Изнајмив Tesla Cybertrack. Се чувствувам како Бетмен“, напишал тој во пораката.
Ливелсбергер ѝ се пофалил на бившата дека во новата улога „прави дронови“.
„Таа би го сакала тоа“, додаде тој.
Арит рече дека се борела да ги разбере деновите што следеле по нивното допишување, опишувајќи го нејзиниот поранешен како конзервативен патриот кој ја сакал својата земја.
„Само сакам сите да знаат дека Мет беше најљубезниот човек што некогаш сум го познавала“, изјави таа за медиумите.
Агентите на ФБИ го следеле Арит откако ги прочитале СМС пораките меѓу двајцата и ја информирале дека тој контактирал со други поранешни девојки деновите пред неговата смрт.
Метју Ливелсбергер (37) од Колорадо, бил високо одликуван припадник на Зелените беретки на американската армија, кој бил распореден двапати во Авганистан и најверојатно планирал да направи најголема можна штета, според експертите, наведувајќи дека челичната каросерија на возилото амортизирала голем дел од силината на првичната експлозија пренесува АП.
Шерифот на округот Кларк, Кевин Мекмахил, на прес-конференција изјави дека во близина на стапалата на мажот на возачкото седиште бил пронајден пиштол, пренесува АП.
„Меѓу јагленосаните предмети пронајдени во возилото имало и огнено оружје, голем број пиротехнички средства, пасош, воена лична карта, кредитни картички, iPhone и паметен часовник“, рече Мекмахил.
Кени Купер, специјален агент во американското биро за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозиви, рече дека нивото на софистицираност на овој напад не е она што би се очекувало „од поединец со ваков вид воено искуство“.
Експлозијата на автомобилот, преполна со пиротехника и канистри со гориво, се случи неколку часа откако Шамсуд Дин Бахар Џабар удри со својот пикап во толпа луѓе во познатиот француски кварт во Њу Орлеанс во раните утрински часови на новата година, убивајќи најмалку 15 луѓе пред да биде застрелан од полицијата. Нападот се истражува како терористички напад.
Ливелсбергер и Џабар поминувале време во базата порано позната како Форт Брег во Северна Каролина, во која се сместени повеќе армиски единици за специјални операции.
Еден од официјалните лица кој разговарал за АП рече дека немало преклопување во нивните должности во базата, сега наречена Форт Либерти. Заменик-помошникот директор на ФБИ, Крис Раџа, претходно изјави дека официјалните лица не пронашле „никаква дефинитивна врска“ помеѓу нападот во Њу Орлеанс и експлозијата на футуристичкиот автомобил на Тесла во Лас Вегас.