Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Мајстори реновирале зграда во Виена и нашле човечко тело без глава

17 април 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Мајсторите во вторникот попладне доживеале непријатно искуство при реновирање на станбена зграда во Маргретен, објави Билд.

Подготвувале терен за бетонирање и ископ при што пронашле голема црна кеса со непријатна миризба.

Веднаш ја алармирале полицијата која излегла на лице место и извршила увид.

Полицијата го пронашла телото во тешка фаза на распаѓање и, како што навеле, лицето починало пред извесно време.

Според портпаролката на полицијата, Џулија Шик, телото без глава било пронајдено околу 15:30 часот завиткано во црна кеса.

Се уште не се познати полот и идентитетот, а телото е пренесено на обдукција.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ