Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Мајка се разбудила од турбуленции во авион- си го нашла бебето на неверојатно место (ВИДЕО)

5 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Авионот налетал на силни турбуленции, а во таа прилика биле повредени 30 патници, од кои некои потешко.

Сега се огласи д-р Сесилија Лагучи, која била на споменатиот лет со сопругот и двете мали деца, пренесува The Sun.

Турбуленциите ја разбудиле од сон, а после тоа сфатила дека не може да го види својот двегодишен син.

„Никогаш нема да го заборавам тој момент“, рече таа.

Турбуленциите биле толку силни што некои патници удриле во таванот на кабината, неколку табли и најмалку еден наслон на седиштето биле скршени.

Лагучи се враќала дома од тримесечна пракса во Барселона, кога доживеала вистинска драма.

„Почувствував удар во главата, а потоа и во грбот. Се чинеше дека авионот паѓа и тоа траеше засекогаш“.

Таа проценува дека ситуацијата се смирила по шест-седум секунди, по што почнала да го бара своето семејство кое спиело на неколку седишта подалеку.

Ги видела четиригодишната ќерка и сопругот, но не и синот. Било полутемно, имало патници во паника и расфрлани работи насекаде.

„Почнав да викам, да го викам, а некој ме праша: Бараш ли бебе? Син ми беше внатре и плачеше“.

Сопругот веднаш скокнал и го зел малото во раце, пренесува ABC News.

„Никогаш нема да заборавам како се чувствував во тој момент. Синот плачеше, беше многу исплашен. За среќа се смири кога го зедов во раце. Сите сме помодрени, но добро ни е“.

Откако авионот принудно слетал во Бразил, на повредените патници им била укажана лекарска помош, додека десет подоцна биле пренесени во болница.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ