Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Мадуро потврди: По размената на затвореници, Венецуела ги продолжува преговорите со САД

2 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Како што објави Ројтерс, нафтената индустрија во Венецуела е под санкции од Вашингтон. Во Венецуела претседателските избори се закажани за 28 јули.

„Откако размислував, ја прифатив понудата и следната среда, директните преговори со американската влада ќе продолжат во согласност со договорот потпишан во Катар и повторно воспоставување на дијалог со почит“, рече Мадуро во обраќањето до нацијата, додавајќи:

„Претседателот на Националното собрание Хорхе Родригез ќе отпатува на разговорите“, додаде Мадуро без да прецизира за кои теми ќе се разговара.

На крајот на 2023 година Вашингтон и Каракас разменија затвореници, по преговорите во Катар кои траеја неколку месеци. Тогаш Америка го ослободи Алекс Саба, кој беше обвинет во САД за перење пари за властите во Каракас.

Од друга страна, Венецуела го ослободи Леонардо Франциско, кој беше во центарот на големиот корупциски скандал во американската морнарица, како и 20 венецуелски политички затвореници и десет американски државјани.

Преговорите меѓу Венецуела и САД започнаа пред две години, но беа прекинати откако Америка воведе санкции за нафтената индустрија. САД ги воведоа првите санкции против Венецуела пред 15 години.

Америка одби да го признае Николас Мадуро за претседател по изборите во 2018 година, а потоа му даде поддршка на Хуан Гуаидо, тогашниот претседател на Националното собрание.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ