Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Луфтханза повторно ги приземји авионите- штрајкува авионскиот екипаж

11 март 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Уште една суспензија на летовите на германската национална авиокомпанија доаѓа само една недела откако беа откажани услугите поради дводневен штрајк на персоналот на Луфтханза.

Последната акција на синдикатот ќе резултира со откажување на сите летови на Луфтханза кои поаѓаат од Франкфурт во вторник на 12 март од 4:00 до 23:00 часот по средноевропско време, и сите летови кои поаѓаат од Минхен во среда, 13 март од 4:00 часот до 23:00 ч.

Стјуардите и стјуардесите на Луфтханза бараат зголемување на платите за 15 отсто, плус еднократна исплата поради инфлација од 3.000 евра, откако групацијата Луфтханза оствари нето добивка од 1,7 милијарди евра во 2023 година.

Како и синдикатот Верди порано, синдикатот на кабинскиот персонал се повика на изјавата на авиокомпанијата, во која се наведува дека во 2023 година е постигнат рекорден профит, што ѝ помогнало на компанијата да се опорави од големите прекини и финансиски загуби за време на пандемијата на Ковид.

„Кабинскиот екипаж, исто така, мора да ги почувствува ефектите од овој успех, а отстапките направени за време на кризата со Ковид мора соодветно да се компензираат“, вели претседателот на штрајкувачкиот комитет, Јоаким Васкез Бургер.

Германија, а особено транспортниот сектор, беше потресена од штрајкови од почетокот на годината: до сега протестираа вработените во железницата и аеродромските работници.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ