Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Лајчак: Горд сум на соработката меѓу ЕУ и САД

7 јануари 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Тој синоќа на социјалната мрежа Икс напиша за средбата со заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан Александар Касаноф и помошникот државен секретар Џејмс О'Брајан.

„Мојата прва мисија во 2025 година ме одведе во САД. Во Вашингтон имав опсежна дискусија за Западен Балкан со Касаноф. Горд сум на одличната соработка меѓу ЕУ и САД за време на мојот мандат“, напиша тој.

Мандатот на Лајчак како претставник на ЕУ за дијалог меѓу Косово и Србија истекува на крајот на јануари, а ЕУ потврди дека процесот на избор на неговиот наследник е во тек.

Во петокот, на 3 јануари, истече рокот за поднесување кандидатури, по што високата претставничка за надворешна политика и безбедност Каја Калас ќе избере кого да именува за специјален претставник на ЕУ за дијалог.

Меѓу најспоменуваните имиња се поранешниот министер на Финска, Пеко Хависто и дипломатот од Данска, Петер Соренсен. /МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ