Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Кремљ: Судбината на руските бази во Сирија се уште не е одлучена

16 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

- Нема конечна одлука за тоа, ние сме во контакт со претставниците на силите кои моментално ја контролираат ситуацијата во земјата, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Москва има две воени бази во Сирија, поморската база Тартус и воениот аеродром Хмеимим.

Русија беше жестоко критикувана за нејзината воена интервенција во Сирија од 2015 година, како поддршка на Башар ал Асад. Учествуваше во репресија на бунтовниците, особено со извршување на разорни воздушни напади.

Бунтовничката коалиција во која доминираше исламистичката група Хајат Тахрир ал-Шам го собори Ал Асад од власт на почетокот на декември. Тој со семејството избега во Русија.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ