Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Киднаперите на 286 ученици во Нигерија бараат огромен откуп, семејствата очајни

13 март 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Училишни деца, некои постари ученици и членови на училишниот персонал беа киднапирани на 7 март во градот Курига, во северозападната нигериска држава Кадуна, во првото масовно киднапирање во земјата по 2021 година.

Џубрил Амину, водач на заедницата, кој е и портпарол на семејствата на заложниците, рече дека вчера добил повик на неговиот телефон од киднаперите.

Тој појасни дека киднаперите барале откуп од повеќе од 620.000 долари за сите ученици, ученички и вработени во училиштето.

„Тие дадоа ултиматум да им го платат откупот во рок од 20 дена, што важи од датумот на киднапирањето. Рекоа дека ќе ги убијат сите ученици и вработени доколку не се исполни барањето за откуп.

Идрис Ибрахим, избран функционер од општинскиот совет на одделението Курига, го потврди барањето за откуп и износот.

„Да, киднаперите се јавиле во заедницата преку бројот на Џубрил Амин и побарале“, рече тој.

„Тие се јавија од скриен број, но властите работат на добивање на бројот“, изјави Ибрахим за Ројтерс.

Тој додаде дека безбедносните сили преземаат „соодветни мерки“ за ослободување на учениците.

Самуел Аруван, комесарот за внатрешна безбедност и внатрешни работи во државата Кадуна, не одговорил веднаш на барањата на Ројтерс за коментар за тврдењата на киднаперите.

Според Меѓународниот монетарен фонд, барањето за откуп е повеќе од 2.000 долари по заложник, или повеќе од годишниот приход по глава на жител во Нигерија, пренесува Ројтерс.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ