Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Хуан Хозе Ѕунига префрлен во затвор со максимално обезбедување

30 јуни 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Властите уапсиле 21 лице, вклучувајќи го и Ѕунига, кои биле во притвор во полициските објекти во Ла Паз. Сите се обвинети за вооружен бунт и тероризам, а четиринаесетмина од приведените се појавиле пред судија.

Во истиот затвор се одведени и други поранешни воени команданти, вклучувајќи го и поранешниот вицеадмирал на морнарицата Хуан Арнес Салвадор.

Генералот Хуан Хозе Ѕунига, со лисици на рацете, беше спроведен до возилото што ќе го одведе во затворот Чончокоро со максимално обезбедување на периферијата на Ла Паз, изјави пред новинарите дека се „невини луѓе“.

Ѕунига, кој беше уапсен во средата по бунтот, рече пред да биде приведен, но без да даде докази, дека претседателот Луис Арсе му наредил да изврши бунт, што се обвинувања кои боливискиот лидер и неговата влада остро ги негираа.

Арсе во петокот изјави дека Ѕунига планирал да ја „преземе“ владата и да стане претседател, и уште еднаш негираше дека нападот во средата на владината палата бил „самопуч“ дизајниран да му донесе политички поени.

Семејствата на некои од затворените изјавиле во петокот дека не знаат ништо за заговорот, а некои велат дека нивните најблиски само „слушале наредби“ или дека им рекле дека одат на „воена вежба“. /МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ