Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Јапонски државјанин e уапсен во Белорусија поради шпионажа

6 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Белоруската државна телевизија објави дека Масатоши Наканиши направил 9.000 фотографии од воени објекти, аеродроми, железници, мостови и друга инфраструктура во граничната област на Белорусија и Украина.

Наканиши живеел во Гомел, вториот по големина град во Белорусија во близина на границата, од 2018 година и предавал јапонски на тамошен универзитет.

Белорусија беше почетна точка за руските трупи во војната во Украина, но не ги испрати своите војници на фронтот. 

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ