Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Муртезани: Време е ЕУ да нè сретне на половина пат и да ја врати вербата на граѓаните

13 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Време е Европската Унија да нè сретне на половина пат и да ја врати вербата на граѓаните во евроинтеграциите, истакна министерот за европски прашања, Орхан Муртезани на „Балканскиот интегративен форум 2024“ (BIF2024), кој се одржува од денеска во Подгорица, Црна Гора.

- Додека еднаш имаше ентузијазам за европските интеграции, сега има незадоволство за европскиот сон. За Македонија и Западен Балкан Европската Унија не смее да се гледа како илузорна цел. Стратешки интерес на ЕУ е Западиот Балкан да не го изгуби интересот, порача Муртезани. 

Тој истакна дека евроинтеграциите се морален императив, посветеност на мир, демократија и иднината на граѓаните.

-Овој процес претставува егзистенцијален избор кој го преобликува општеството. Верувам дека интеграцискиот процес е можна алатка за трансформација, дополни министерот за европски прашања Орха Муртезани. 

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ