Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Јапонија изрази загриженост поради воената соработка меѓу Русија и Северна Кореја

20 јуни 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

„Сериозно сме загрижени за изјавите на Путин во врска со нивното можно влијание врз регионалната безбедност во опкружувањето на нашата земја“, рече генералниот секретар на јапонската Влада, Јошимаса Хајаши на прес-конференција, пренесе јапонската агенција Кјодо.

По разговорите со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, Путин му рекол на Пјонгјанг дека „Русија не го исклучува развојот на воена и техничка соработка“ со Северна Кореја врз основа на договорот за стратешко партнерство потпишан вчера, истакнувајќи дека договорот предвидува и „заемна помош во случај на агресија“ на една од двете земји.

Хајаши рече дека руската набавка на севернокорејско оружје и нивната употреба во инвазијата на Украина претставува „јасно кршење на релевантните резолуции на Советот за безбедност на ОН“.

Портпаролот на јапонската Влада, исто така, ги критикуваше тврдењата на Путин дека треба да се преиспита режимот на санкции на ОН против Северна Кореја, кој беше воведен поради нејзините програми за развој на ракетно и нуклеарно оружје. 

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ