Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Ја задавил сопругата пред децата, нејзиното тело го ставил во куфер и го фрлил во река (ВИДЕО)

4 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Аминан Рахман (46) вчера е прогласен за виновен за убиство на неговата сопруга Сума Бегум (24) во стан во Лондон на 29 април 2023 година.

Сведоци на убиството биле нејзините деца, како и нејзиното момче преку видео повик додека бил во Обединетите Арапски Емирати, пренесува Sky news.

По убиството, телото на жената го ставил во куфер и потоа надзорна камера го снимила како го фрла во реката Леа.

Куферот со распаднатото тело на жената е пронајден 10 дена подоцна на брегот на реката.

На судот му беше кажано дека нејзиното момче, Шахин Мија (24) снимил онлајн видео од настаните што довеле до нејзината смрт, кое подоцна ѝ било предадено на полицијата.

Мија плачеше на суд додека го опишуваше видеоповикот на Рахман во кој тој се заканувал дека ќе ја убие жената.

„Сакаше да побегне, а тој ја фати за врат“, изјави тој пред судот.

Пред да замрзне видеото се слушна вресок и веќе ништо не се гледа.

Во друг видео повик таа вечер, обвинетиот му рекол на Мија дека „ја убил Сума и дека сега треба да се подготви“.

За време на неговото сведочење, Рахман го признал убиството, но тврдел дека никогаш немал намера да ѝ наштети и дека дејствувал во одбрана на постарото дете, тврдејќи дека Сума се заканила дека ќе го убие двегодишното дете и дека го фрлил детето кон ѕид - тврдење кое го негира обвинителството.

Казната ќе му биде изречена на 31 јули.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ