Шигеми Фукахори, преживеан од атомската бомба на Нагасаки во
1945 година, починал на 94-годишна возраст, објавија денеска јапонските
медиуми.
Фукахори починал во болница во Нагасаки, во југозападна
Јапонија, на 3 јануари, соопшти денеска Католичката црква Ураками, каде што се
молел речиси секојдневно до минатата година, пренесе АП.
Локалните медиуми јавија дека тој починал од старост.
Фукахори го посвети својот живот на мирот, а имал само 14
години кога САД фрлиле атомска бомба врз Нагасаки на 9 август 1945 година, при
што загинале десетици илјади луѓе, вклучително и членови на неговото семејство.
Тоа се случило три дена по американскиот нуклеарен напад врз
Хирошима, во кој загинале 140.000 луѓе.
Јапонија се предала неколку дена подоцна, завршувајќи ја Втората
светска војна.
Кога папата Франциско го посети Нагасаки во 2019 година,
Фукахори му подари венец од бели цвеќиња.<span lang="EN-US" style="mso-ansi-language:
EN-US"></span>
Фукахори ќе биде погребан во понеделник.