Компанијата SpaceX на Илон Маск успешно ја лансираше
„Starship“, најмоќната ракета во светот, постигнувајќи нешто што досега не било
постигнато. За време на ова лансирање, SpaceX за прв пат се обиде и успеа
безбедно да го приземји својот ракетен фрлач, наречен „Super Heavy“.
По лансирањето, носачот се врати во лансирната рампа каде
што прецизно го фатија масивни метални краци. „Ова е апсолутно неверојатно!“
извика инженерот на SpaceX, Кејт Тајс за време на преносот во живо.
Додека мисијата за враќање на „Super Heavy“ е успешно
завршена, летот на Starship сè уште е во тек. По раздвојувањето, леталото ги
активирало сопствените мотори и сега се движи низ вселената.
Таа се врати на истото место на
Земјата, што е уште еден историски момент.
Ова е петти тест на Starship, откако леталото постигна
значителен успех во март оваа година, надминувајќи ги двата претходни обиди кои
завршија со експлозии веднаш по лансирањето.