Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Група разбојници за неколку моменти ограбија воз во Чикаго-плен беа телевизори, апарати (ВИДЕО)

13 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Како што пренесува „Фокс њуз“, крадците однеле сѐ што им паднало при рака, од телевизори до фритези.

По групниот грабеж и инцидентот кој се случил околу 14 часот и 40 минути, уапсени се најмалку шест лица, додека возот бил запрен и чекал да биде префрлен на соседната пруга од западната страна на градот, објави железничката компанија „Унион Пацифик “.

На видеото се гледаат неколку десетици разбојници како ги отвораат вратите од контејнерите и ја ограбуваат робата од кутиите. Полицијата соопшти дека осомничените биле вооружени со пиштоли и отворачи за брави, известува Фокс 32 Чикаго.

Украдените предмети осомничените ги ставиле во неколку возила, а набрзо пристигнал бел камион за разбојниците полесно да го товарат пленот. Грабежот се случил среде бел ден.

Набрзо на терен излегла и полицијата која го извадила оружјето за да ги растера крадците. Очевидци изјавија за „ABC7“ дека грабежот траел речиси еден час пред да дојде полицијата.

„Грабежите на железницата не се без жртви и претставуваат безбедносна закана за јавноста, нашите вработени и локалните полицајци“, изјави портпаролот на Union Pacific.

Union Pacific соопштува дека дел од украдената роба била вратена. Поради последиците од инцидентот, околу 16 часот и 40 минути бил во прекин железничкиот сообраќај.

Грабежите на возови не се невообичаени во „Ветровитиот град“, како што го нарекуваат Чикаго, а сличен инцидент се случил и во август оваа година, пренесе „АБЦ7“.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ