Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

СЗО: Колера е потврдена во Либан, ризикот од ширење „многу висок“

16 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

СЗО го истакна ризикот од ширење на колерата меѓу стотици илјади луѓе раселени откако Израел ескалираше воздушна кампања против Хезболах и започна копнена офанзива со цел да ја потисне групата назад од нејзината северна граница со Либан.

„Ако избувнувањето на колера ... се прошири на новите раселени луѓе, може да се прошири многу брзо“, изјави Абдинасир Абубакар, претставник на СЗО во Либан на онлајн прес конференција.

Либанското Министерство за здравство соопшти дека е потврден случај на колера кај либански државјанин кој отишол во болница во понеделникот. Пациентот, од Амуније во северен Либан, немал историја на патување, соопшти Министерството. 

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ