Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Голем протесет на илјадници Кубанци, претседателот ги обвинува САД (ВИДЕО)

18 март 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Стотици демонстранти излегоа на улиците на Сантијаго де Куба, вториот по големина град, како и на Бајам, градот во кој жителите беа без струја во последните неколку дена, понекогаш и по 2 часа.

Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел потоа предупреди на „непријателите на револуцијата“ користејќи го контекстот, осудувајќи ги „терористите со седиште во Соединетите држави кои поттикнуваат акции насочени кон дестабилизација на земјата“.

Заменик министерот за надворешни работи Карлос Фернандез де Косио денеска „официјално му го пренесе на американскиот вршител на должноста Бенџамин Зиф цврстото отфрлање на мешањето и клеветничките пораки на американската влада и нејзината амбасада во врска со внатрешните настани“ во Куба, објави кубанскиот шеф на дипломатија Бруно Родригез.

Тој веќе го предупреди Вашингтон да не „се меша во внатрешните работи на земјата“ откако САД ја повикаа „кубанската влада да ги почитува правата на демонстрантите и да одговори на легитимните потреби на кубанскиот народ“ на платформата Х.

Портпаролот на американската амбасада Ведант Пател ги отфрли кубанските обвинувања како „апсурдни“. „Верувам дека она што го гледаме е последица на катастрофалната ситуација што владее на островот“, нагласи тој и ја повика кубанската влада да се воздржи од насилство и неселективно притворање.

Од март, Куба се соочува со чести прекини на струја поради прекин на работата на најголемата термоцентрала на островот, која се наоѓа на околу сто километри источно од Хавана.

За време на викендот состојбата се влошила поради недостигот на гориво кое е од суштинско значење за работата на другите термоелектрани.

Вчерашните протести се најголеми од оние во 2022 година, кога островот исто така секој ден остануваше без струја, што поттикна собири на незадоволните во неколку провинции, вклучително и Хавана.

Пред речиси три години, Куба имаше големи антивладини протести по неколкумесечна изолација поради пандемијата на Ковид-19, која го запре туризмот.

Во јули 2021 година, илјадници Кубанци протестираа на претходно незамислив начин во комунистичката држава, извикувајќи „Гладни сме! и „Долу диктатурата“. Тогаш беа осудени стотици демонстранти, од кои некои и до 25 години затвор.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ