Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Германија го повика Израел да се откаже од плановите за проширување на населбите

16 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Германија денеска ја повика израелската влада да се откаже од својот план за удвојување на населението на израелскиот анектиран дел од Голанската висорамнина.

-Од гледна точка на меѓународното право, оваа територија што ја контролира Израел и припаѓа на Сирија, изјави портпаролот на германската влада.

Берлин исто така нагласи дека е многу важно во оваа фаза на политички пресврт во Сирија сите учесници во регионот да го земат предвид неговиот територијален интегритет и да не го доведуваат во прашање.

Германија ги повикува сите земји во регионот на воздржаност. Сирија е уништена од повеќе од десет години војна и е „игра на странските сили предолго“, изјави портпаролот на германската влада.

Околу 30.000 израелски граѓани живеат во 34 населби во делот на Голанската висорамнина, анектирана од Израел. Покрај тоа, таму живеат 23.000 Друзи, заедница чија религија потекнува од исламот, кои во најголем дел тврдат дека се Сиријци, но имаат статус на постојани жители во Израел.

Израел зазеде дел од Голанската висорамнина во југозападна Сирија за време на Арапско-израелската војна во 1967 година и во 1981 година. ја припои територијата. Само САД, под Доналд Трамп, ја признаа оваа анексија во 2019 година./МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ