Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Франција во исчекување – триумф на екстремната десница или пресврт пред изборите во недела?

2 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Од исходот ќе зависи дали Франција за прв пат по втората светска војна ќе има влада предводена од екстремно десна партија, но и дали Емануел Макрон ќе се соочи со непријатна кохабитација и премиер кој би се противел на неговите одлуки. Кандидатот за премиер на Национален Собир, 28 годишниот Џордан Бардела би бил најмладиот на оваа функција, а веднаш по изборите порача дека е подготвен да води, но и да се бори против имиграцијата. Сепак, од партијата порачаа дека доколку не обезбедат апсолутно мнозинство, немаат намера да формираат влада.

-Очигледно е дека не можеме да прифатиме да формираме влада, ако не можеме да дејствуваме. Бидејќи тоа што го бараат гласачите од нас е да ја промениме политиките што не се спроведуваат. И не можеме да прифатиме влада која ќе биде уникатна со тоа што би имала министри кои не би можеле да дејствуваат. Тоа би било мислам, најлошото предавство кое може да му го направиме на нашите гласачи,-- Марин Ле Пен – „Национален собир“.

Дел од политичките аналитичари во Франција велат дека очекуваат жестока борба меѓу крајната левица и десница, но дека финалниот збор ќе го имаат неопределените.

-Пред се, ќе им биде потребно на „Национален собир“ да го бараат гласот на неопределените од првиот круг кои се уште имаат значајно учество во изборите и кои се уште се третина од електоратот,- Бруно Каутрес- Политиколог.

Француските граѓани пак, се поделени во своите ставови. Дел од нив велат дека потребна е промена на политичката сцена, некои пак и една недела по првиот круг, се уште не можат да се помират со изборниот резултат.

-Среќна сум, задоволна. Зошто? Бидејќи има потреба од промени, всушност, сосема едноставно е.  / Ме боли многу(резултатот). И ме шокира затоа што не разбирам. Јас навистина не разбирам. / Како да сум мамурна. Тоа е тоа. Нема да плачам, но сум многу разочарана. / Да се избере помеѓу Левицата (LFI) и „Национален собир“ во однос на вредностите кои ги брани секоја од страните е доста срцепарателно. 

Францускиот претседател Емануел Макрон повика на предвремени избори по катастрофалниот резултат кој неговата партија го доживеа за време на европските избори каде крајната десница извојува убелива победа, а партијата на Макрон беше на третото место. Изборниот резултат од Европските пак, се преслика и на национално ниво.

Вториот круг од изборите кој треба да одлучи во која насока ќе се движи државата треба да се одржи во недела, а доколку ниту една опција не успее да формира парламентарно мнозинство, извесно е дека земјата ќе навлезе во политичка криза. Во таков случај, претседателот не може повторно да го распушти парламентот, а францускиот устав предвидува преоден рок од една година.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ