Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Франција одбележува 10 години од нападот на „Шарли Ебдо“

7 јануари 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

На комеморацијата ќе присуствуваат претседателот Емануел Макрон, министри и градоначалничката на Париз, Ан Идалго.

На 7 јануари 2015 година, двајца браќа терористи влегоа во редакцијата на „Шарли Ебдо“ и убија 12 лица, поради објавувањето на карикатури на пророкот Мухамед кои предизвикаа гнев во муслиманскиот свет, потсетува ДПА.

Во наредните денови, напади беа извршени врз полициски службеник и еврејски супермаркет, со што вкупниот број на жртви достигна 17. Напаѓачите беа убиени од безбедносните сили.

Нападот на „Шарли Ебдо“ го означи почетокот на серија исламистички терористички напади во Франција, кои во наредните години однесоа над 230 животи. /МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ