-Претседателката ги откажа надворешните состаноци за првите недели од јануари, рече портпаролот на ЕК.
Меѓу откажаните состаноци се планираниот говор во Лисабон и патувањето во полскиот приморски град Гдањск по повод преземањето на Полска со претседавањето со Советот на ЕУ.
Посетата ќе биде презакажана за подоцнежен датум, рече портпаролот, додавајќи дека Фон дер Лајен ќе ги извршува своите „службени должности“ од централниот германски град Хановер.
-Доколку се биде добро, претседавачката ќе биде целосно закрепната до средината на месецот, прецизира тој.
Таа потоа ќе се врати на работа во нејзината канцеларија во зградата на Европската комисија во Брисел. 66-годишната Фон дер Лејен е на чело на ЕК од 1 декември 2019 година.