Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Фицо: Словачка ќе губи 500 милиони евра годишно поради прекинот на транзит на руски гас

2 јануари 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Во објава на Фејсбук, Фицо рече дека неговата партија Смер-СД е подготвена да преговара со своите коалициски партнери за усвојување реципрочни мерки, вклучително и суспендирање на снабдувањето со електрична енергија за Украина, како и ограничување на поддршката за украинските граѓани во Словачка.

- Верувам дека коалициските партнери, исто така, ја гледаат ситуацијата околу прекинот на транзитот на гас како исклучително сериозна и достојна за одговор на суверена Словачка. Единствената алтернатива за суверена Словачка е да продолжи со транзитот или да бара механизми за компензација за загубата на блиску до 500 милиони јавни финансии, рече Фицо.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ