Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Европол за апсењето на Србинот, кој го уби дизајнерот на Ролс Ројс: Бегаше преку неколку држави

19 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Осомничениот за убиството на 74-годишен маж во Германија е уапсен во близина на Париз, соопшти денеска Европол, истакнувајќи дека апсењето било можно благодарение на заедничките напори на полицијата ширум Европа, која ја координира и разменува разузнавачки информации со партнерите во Србија. .

На 12 јули, 74-годишен маж бил пронајден убиен во неговиот дом во Хершинг, Горна Баварија, Германија, соопшти Европол.

Баварската полиција веднаш покренала истрага за лоцирање и апсење на осомничениот убиец.

Преку размена на разузнавачки информации во реално време со своите оперативни партнери во Србија, Европол разви доверливи разузнавачки информации дека осомничениот избегал од Германија и се криел во Франција, каде што бил уапсен.

Европол веднаш обезбеди корисни разузнавачки информации за германските истражители и воспостави координација меѓу вклучените земји, беше активирана Европската мрежа на активни тимови за пребарување бегалци (ENFAST), која ги поврзува различните национални единици вклучени во потрагата.

Овој меѓународен полициски напор кулминираше вчераутро со апсењето на осомничениот во координирана операција во Обервилие, Франција.

Осомничениот е приведен и моментално чека екстрадиција во Германија за да се соочи со обвиненијата.

Како што претходно денеска објави Би-Би-Си, 29-годишен Србин е уапсен во Франција една недела откако 74-годишен маж, за кого се вели дека е поранешен дизајнер на автомобили на Ролс-Ројс, Иан Камерон, бил избоден до смрт во Германија.

Баварската полиција денеска соопшти дека по претресот, осомничениот бил лоциран во стан североисточно од Париз и дека вчера бил уапсен од француските специјалци и дека не давал отпор.

Од полицијата велат дека младиот човек прво побегнал во Минхен, потоа отпатувал за Инсбрук во Австрија, а потоа преку Цирих за Франција.

Иан Камерон (74) наводно бил нападнат минатиот петок навечер во неговиот дом во Хершинг, југозападно од Минхен, а неговата сопруга побегнала кај соседот и повикала полиција.

Полицијата подоцна објави слика од осомничениот направена во локалниот супермаркет пред убиството.

Камерон се преселил во селото Хершинг пред 11 години. Полицијата јавно не го објави името на жртвата и не го наведе мотивот за нападот.

Полицијата смета дека осомничениот побегнал пеш и констатирал дека пред убиството бил пресечен кабелот за напојување на надворешната безбедносна камера од куќата во која е извршено убиството.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ