Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Ердоган планира посета на САД, ќе се сретне со Бајден

29 март 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Се очекува Ердоган да се сретне со американскиот претседател Џо Бајден, рече претставникот.

Ова ќе биде прва средба во Вашингтон меѓу Ердоган и Бајден откако Бајден победи на претседателските избори во 2020 година.

Планираната средба доаѓа по договорот на САД за продажба на 40 борбени авиони Ф-16 на Турција. Американците дадоа зелено светло дури откако Анкара го ратификуваше приемот на Шведска во НАТО алијансата.

Двајцата сојузници на НАТО допрва треба да се договорат за голем број спорни прашања, вклучувајќи ја и американската поддршка за сириските Курди, кои Анкара ги смета за терористи.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ